Талески за 24Ракомет ТВ: Секоја чест за Вардар, феноменално е да се игра пред оваа публика (ВИДЕО)

Репрезентативецот на Македонија, Филип Талески денеска доби десетина минути на дуелот против Вардар во првото полувреме. Тој прво почна во одбраната, а потоа доби и шанса во нападот каде успеа да постигне еден гол. 

Како што изјави и пред средбата против Вардар тој е воодушевен од публиката и амбиентот кој се создава во салата во СЦ „Јане Сандански“, но и овој пат исто како лани си замина со тимот од Скопје со пораз.

„Вардар има прекрасни навивачи и навистина е прекрасно да се игра пред оваа скопска публика. Навистина е феноменално да се настапува пред нив“, изјави Талески за 24 Ракомет ТВ.

Комплетната изјава со впечатоците и од натпреварот можете да ја проследите во видеото во продолжение.