Талески за 24Ракомет ТВ: Ракометот носи спектакл во Германија, очекуваме многу поддршка (ВИДЕО)

На двете средби против Србија одиграни вчера и денеска во СЦ „Борис Трајковски“, ракометарот на Рајн Некар, Филип Талески имаше свое видување за она што беше прикажано на теренот.

Тој покрај за натпреварите против Србија коментираше и за она што ќе претстои на натпреварите во Минхен. Со оглед на тоа што е еден од ракометарите кои играат во Бундес лигата добро знае како е да се игра пред публиката во Германија, па затоа се очекува да има одлична атмосфера.

„Кога се играат ракометни натпревари во Германија секогаш тоа е спектакл. Публиката ужива кога е на натпревари, а верувам дека ќе биде така и сега. Очекуваме да имаме и голема поддршка од нашите фанови за кои имаме најава дека ќе бидат во голем број така што сигурно ќе има спектакл“, изјави Филип Талески за 24 Ракомет ТВ.

Комплетната изјава на Филип Талески можете да ја проследите во видеото во продолжение.