Талески за 24Ракомет ТВ: За историски успех треба да дадеме сè од нас (ВИДЕО)

Македонија загуби од Шпанија во првото коло од главната рунда на Европскиот шампионат во Хрватска, но остануваат уште два предизвици за нашите репрезентативци.

Чешка е следната селекција на менито на „Ел Команданте“ и неговите ибраници. Во пресрет на овој натпревар јавноста најмногу ја интересира дали капитенот Лазаров ќе биде подготвен за настап.

Бекот Филип Талески вели дека веќе е заборавен поразот од Шпанија, и дека во фокусот се само дуелите со Чешка и Данска.

„Ни остануваат уште две средби, со Чешка и Данска, не чека тежок пат, но ако сакаме да играме полуфинале, мора да одиграме максимално.“ – вели Талески.

Целосната изјава погледнете ја во видео прилогот…