Талески влезе во гол-ритам

Левиот бек на репрезентацијата на Македонија и на тимот на Рајн Некар, Филип Талески одигра уште еден добар натпревар за својот тим во подготовките за новата сезона.

Талески со Рајн Некар е на турнир во Швајцарија каде во полуфиналето обезбеди победа над тимот на Базел со 38:17.

На оваа средба Талески одигра солидно во нападот и успеа да реализира трипати, а со оглед на тоа што сите ракометари на Рајн Некар добија шанса за да настапат тој беше меѓу поефикасните. Поранешниот играч на Вардар, Илија Абутовиќ погоди еден пат.

Во финалето Рајн Некар ќе игра против далеку поквалитетниот состав од Швајцарија, Кадетен Шафхаузен.