Талески без минутажа и без голови, Рајн Некар сигурно до бодови

Екипата на Рајн Некар после ремито со Барселона стигна до победа над Висла Плоцк 31:27 со што собра вкупно три бода во првите две кола. Денешниот меч беше првиот од 2. коло со што тргнаа новите битки во Лигата на шампионите.

Висла беше подобра во првите 20 минути, но потоа домашните тргнаа посилно и до крајот на првиот дел ја стопија предноста на Висла и на одмор заминаа со 13:13.

Во второто полувреме домашните го диктираа темпото на играта и имаа убава предност која што ја зачуваа до крај за 31:27 и да бода од овој дуел. На овој меч во тимот на Рајн Некар беше и Филип Талески, но не доби шанса за да игра.