Талевски: Советите на Раул на полувреме ни ја донесоа оваа голема победа!

Натпреварот против Словенија беше големо исуство и задача за младите ракометари како што е Филип Талевски. Македонскиот интернационалец кој одигра пожртвувано посебно во одбраната, видно задоволен по победата даде свое видување за одиграниот меч.

“Мислам дека лошиот почеток на натпреварот беше една иницијална каписла за нашата добра игра во понатамошниот дел од натпреварот. Првото полувреме го отворивме многу лошо а тие имаа голема поддршка од нивниот голман кој одбрани доста зицери. Но, се собравме на полувреме се договоривме како да одиграме во второто полувреме и таа задача што ни ја даде тренерот ја оправдавме на терен и мислам дека заслужено ја добивме оваа утакмица. Им благодарам на словенците за фер и коректната игра и мислам дека и тие се фаворити за поминување на група исто како и нас”.

Какви совети ви даде Раул на полувреме?

” Од негова страна беше кажано да продолжиме во ист ритам во одбрана бидејќи таа добро функионираше, но нападот требаше да биде малце подобар. Тоа го спроведовме, но не целосно бидејќи нивните голмани имаа доста интервенции, но од друга страна и нашите голмани фатија неколку клучни топки и тука беше пресвртот”.

Дали очекувавте ваков натпревар пред првенството?

Очекувавме тежок натпревар но не очекувавме да се одлучува во последните секунди. Многу ми е мило што стартувавме со победа.

Натпреварот имаше многу исклучувања. Твој коментар?

“Судиите наметнаа таков ритам, тоа е нивна одлука, но пак ќе кажам Словенците се доста груби и ако продолжат така мислам дека ќе имаат доста проблеми до крајот на првенството”.