Талевски го враќа Јозгат во турската елита

Тимот на Јозгат Бозокспор, по една година играње во Втората турска лига е на добар пат да се врати во елитното друштво.

Јозгат на четири кола до крајот се наоѓа на првата позиција и му треба само уште една победа за официјално да биде првопласиран.

Македонскиот интернационалец Јован Талевски е меѓу најдобрите во овој тим. На последниот натпревар Јозгат славеше дома против Гунејсу со 31-26.

Средниот бек постигна пет погодоци, додека поефикасен од него беше само Дмитри Турченко, поранешниот играч на Прилеп со девет голови.

Во следното коло, Јозгат ќе игра на домашен терен против Истанбул.