Сè од Струга 2018 на едно место: Одиграа 16 средби, постигнаа 810 гола…

Синоќа со натпреварот меѓу Целје и Констанца кој донесе максимално возбудлив ракомет и голема неизвесност финишираше 46. издание на Струшкиот турнир. Тимот од Словенија кој првпат дојде на ова натпреварување и покаѓа дека во своите редови има навистина квалитетни ракометари.

300x250

На турнирот имаше осум екипи од седум земји и беше виден одличен ракомет. Беа постигнати вкупно 810 погоди на 16 средни што е просек од 50 гола по натпревар.

Тимовите покажа дека се дојдени за да се надигруваат, но иако на прв план им беа коментарите дека сакаат да ја кренат формата, сепак, работите на теренот покажаа дека натпеварувачкиот дух беше присутен од прв допоследен момент.

Одлично е тоа што сите 16 средби завршија без проблеми и што времето послужи во сите пет дена во периодот кога се играа средбите.

За оние кои не беа во можност да ги следат игрите во текот на минатите денови, но и доколку некој нешто пропушти во продолжение  ќе можат да се видат сите резултати од средбите и сите извештаи од натпреварите.

СТРУШКИ ТУРНИР 2018

РЕЗУЛТАТИ

СРЕДА, 15 АВГУСТ

ЖЕЛЕЗНИЧАР – СТРУГА               25:20

КОНСТАНЦА – АЛИНГСАС          21:21

ЦЕЛЈЕ – Е. РАБОТНИК   23:22

ЧЕТВРТОК, 16 АВГУСТ

БЕШИКТАШ – Е. РАБОТНИК       31:29

ЖЕЛЕЗНИЧАР – АЛИНГСАС        23:20

ЦЕЛЈЕ – ТУЛУЗ  31:29

ПЕТОК, 17 АВГУСТ

СТРУГА – АЛИНГСАС     16:25

ЖЕЛЕЗНИЧАР – КОНСТАНЦА    20:24

ТУЛУЗ – БЕШИКТАШ     32:28

САБОТА, 18 АВГУСТ

СТРУГА – КОНСТАНЦА  19:37

Е. РАБОТНИК – ТУЛУЗ   24:26

ЦЕЛЈЕ – БЕШИКТАШ      23:23

НЕДЕЛА, 19 АВГУСТ

МЕЧ ЗА 7. МЕСТО

СТРУГА – Е. РАБОТНИК        26:33

МЕЧ ЗА 5. МЕСТО

БЕШИКТАШ – АЛИНГСАС     22:29

МЕЧ ЗА 3. МЕСТО

ЖЕЛЕЗНИЧАР – ТУЛУЗ  24:32

ФИНАЛЕ

ЦЕЛЈЕ – КОНСТАНЦА    25:24