Сè за клубот од Битола: Наутро советник – навечер фотограф (ФОТО)

Во Битола секогаш е интересно кога е во прашање ракометот, а така е и сега кога тимот на Пелистер се подготвува за настап во Купот на ЕХФ. Некогашниот ракометен бренд последниве две децении не е на нивото н акое беше порано. Не само според играта и резултатите туку и според организираноста во клубот.

Една интересна фотографија кружи низ спортските форуми на која советник во општина Битола е во улога на фотограф. Тој ги фотографирал сите ракометари кои се предвидени за настап на средбите против Винтертур во Купот на ЕХФ на 6 и 12 октомври. Советникот во Битола, беше дел и од структурите на Пелистер, но беше и на тренерската позиција во женскиот тим на Пелистер.

Сериозноста на управата била различно сфатена од ракометарите, па на закажаното „официјално фотографирање“ дел се појавиле во дресови, другите „ги заборавиле“, па ситуацијата се спасувала со фотографирање во тренерки.

Сега советникот со ова добива нова функција така што е и „новиот фотограф“ на Пелистер пред почетокот на евро сезоната.

Како се покажал советникот од општина Битола кој навечер станува фоторепортер во салата „Боро Чурлевски“ можете да погледнете на следниот ЛИНК каде што се претставени ракометарите на Пелистер кои ќе играат во новата сезона во Лигата на шампионите.