Сè е исто како лани: Вардар го бара мирот во Radisson Blu пред стартот на Ф4 (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Актуелните освојувачи на Лигата на шампионите, ракометарите на Вардар веќе се во Келн и почнаа со адаптација пред саботното полуфинале. Сите ракометари се подготвени за она што претстои и сега е најважно само да се одморат добро и тактички да бидат одлично подготвени.

300x250

Хотелот „Radisson Blu“, каде ракометарите на сите екипи ќе бидат сместени за време на Ф4 турнирот, е веќе во знакот на Лигата на шампиони и може да се забележи дека тука се најдобрите тимови од Европа.

Вардарци утрово имаа лет до Дортмунд откаде пристигнаа во Келн.

Екипата на 24 Ракомет беше пред хотелот кога ракометарите на Вардар пристигнаа, па можете да погледнете во продолжение од фотографиите како изгледаше моментот кога шампионите дојдоа во Келн за да го одбранат трофејот во Лигата на шампионите.