Супер машка лига: Ќе биде возбудливо во Битола и во Скопје

Две од трите екипи кои немаат пораз после првите две кола односно имаат максимални шест бода денеска ќе се соочат во салата „Македонско сонце“. Тимот на Пролет е домаќин на екипата на Металург, а средбата се игра од 19 часот.

Ова е дуел на кој гостите се фаворити на хартија, но слично како и лани и годинава ракометарите на Пролет докажуваат дека на домашен терен се опасни за секого.  Оттаму ова ќе биде многу добар натпревар во кој сигурно и домашните имаат што да покажат.

Добар натпревар се очекува и во Битола каде што екипата на Пелистер го пречекува Охрид. И двата тима стартуваа со пораз, па потоа во 2. коло ги поправија работите и дојдоа до победи така што ова денеска ќе им биде добро мерење на силите за да се види кој тим колку може во моментов.

СУПЕР МАШКА ЛИГА

ДВОЈКИ ЗА 3. КОЛО

САБОТА, 21 СЕПТЕМВРИ

15:00ч

ВАРДАР ЈУНИОР – БУТЕЛ СКОПЈЕ

Сала: СЦ „Јане Сандански“ (мала сала) во Скопје. Судии: Виктор Андонов и Стојанче Јовановски од Скопје. Делегат: Русе Наумовски од Скопје.

18:30ч

ПЕЛИСТЕР – ГРК ОХРИД

Сала: „Боро Чурлевски“ во Битола. Судии: Рубинчо Седлоски и Горан Ангелески од Прилеп. Делегат: Ацо Николовски од Скопје.

19:00ч

ПРОЛЕТ 62 – МЕТАЛУРГ

Сала: „Македонско сонце“ во Скопје. Судии: Димитар Митревски и Благојче Тодоровски од Битола. Делегат: Камер Металари од Скопје.

РАДОВИШ – СТРУГА

Сала: СРЦ „25 Мај“ во Радовиш. Судии: Димитар и Дејан Георгиевски од Скопје. Делегат: Васил Чавдаров од Богданци.

СРЕДА, 25 СЕПТЕМВРИ

16:00ч

РАБОТНИЧКИ – МЕТАЛУРГ

Сала: СРЦ „Кале“ во Скопје. Судии: Исмаил Металари и Ненад Николовски од Скопје. Делегат: Душко Камишевски од Скопје.

ТАБЕЛА: 1. Металург 6 бода (78:47); 2. Бутел Скопје 6 (55:52); 3. Пролет 6 (54:51), 4. Охрид 3 (53:43); 5. Радовиш 3 (60:57), 6. Пелистер 3 (50:50); 7. Струга 1 (49:51); 8. Работнички 1 (57:59); 9. Металург II 0 (62:70); 10. Вардар јуниор 0 (45:73).