Супер машка лига: Четири екипи, во разлика од бод, се тркаат за врвот

Екипите кои се натпреваруваат во Супер машката лига веќе комплетираа четири кола, а на првите четири позиции се екипите кои важеа за фаворити за пласман на нив пред почетокот на сезоната.

Металург има десет бода исто како и Пролет, со оглед на тоа што ремизираа во 3. коло.

Во 4. коло, сепак, изненадувањата изостанаа откако Металург успеа во последната минута да се одбрани против тимот на Бутел Скопје, додека Вардар јуниор имаше одличен дуел на гостувањето на Струга.

Сигурни беа Охрид и Пролет, додека Металург 2 и Пелистер ги поделија бодовите откако младите металурзи испуштија шанса за да дојдат до победа со оглед на тоа што го имаа последниот шут на средбата.

СУПЕР МАШКА ЛИГА

РЕЗУЛТАТИ ОД 4. КОЛО

МЕТАЛУРГ – БУТЕЛ СКОПЈЕ       26:25 (ИЗВЕШТАЈ)

СТРУГА – ВАРДАР ЈУНИОР         23:24 (ИЗВЕШТАЈ)

ОХРИД – РАДОВИШ     29:25 (ИЗВЕШТАЈ)

ПРОЛЕТ 62 – РАБОТНИЧКИ        38:36 (ИЗВЕШТАЈ)

МЕТАЛУРГ 2 – ПЕЛИСТЕР            25:25 (ИЗВЕШТАЈ)

ДВОЈКИ ЗА 5. КОЛО

ВТОРНИК, 1 ОКТОМВРИ

БУТЕЛ СКОПЈЕ – СТРУГА

САБОТА/НЕДЕЛА, 5/6 ОКТОМВРИ

ВАРДАР ЈУНИОР – ОХРИД

ПЕЛИСТЕР – ПРОЛЕТ

РАДОВИШ – МЕТАЛУГ 2

РАБОТНИЧКИ – МЕТАЛУРГ

ТАБЕЛА: 1. Металург 10 бода (130:98); 2. Пролет 10 (118:113); 3. Охрид 9 (107:87); 4. Бутел Скопје 9 (111:104); 5. Радовиш 6 (114:113); 6. Пелситер 4 (94:100); 7. Работнички 4 (120:128); 8. Вардар јуниор 3 (95:127); 9. Струга 1 (99:104); 10. Металург II 1 (118:132).