Супер машка лига: Четворката за плеј-оф направи солидна разлика

Со одигрувањето на средбата меѓу Охрид и Е. Работник беше комплетирано 11. коло во Супер машката лига, а дојде до мало поместување на табелата.

Победата на Работник значеше и промена на 3. позиција односно битолчани и охриѓани ги заменија позициите, но и понатаму се сигурни во трката за плеј-оф.

Со оглед на тоа што сериите на Пелистер и на Пролет продолжија сосема извесно е дека овие два тима се во предност и тешко дека ќе може некој од тимовите кои се од 5. место надолу да ги загрозат. И Работник и Охрид делуваат цврсто, па четворката која би требало да разигрува со Вардар и со Металург за титулата засега делува цврсто и сигурно.

СУПЕР МАШКА ЛИГА

РЕЗУЛТАТИ ОД 11. КОЛО

РАДОВИШ – ВАРДАР ЈУНИОР           36:27

ПРОЛЕТ – ПРИЛЕП    38:30

МЕТАЛУРГ 2 – ПЕЛИСТЕР     31:32

ОХРИД – Е. РАБОТНИК          23:29

БОРЕЦ беше слободен