Супер машка лига: Уште едно слободно место за плеј-офот

Со комплетирањето на 17. коло станаа познати уште два кои ќе играат во плеј-офот. На Еурофарм Работник на коло до крајот на регуларниот дел му се придружија и составите на Пелистер и Бутел Скопје така што остана само во поселдното коло да се види кој ќе биде последниот ривал.

Според тоа што Прилеп вториот дел од сезоната го игра со младинци не се очекуваат проблеми за екипата на Пролет која ќе влезе во овој дуел како фаворит и со победа ќе го комплетира списокот на учесници во плеј-офот.

На тој начин полека станува јасно кои ќе бидат и составите што ќе играат во плеј-аут лигата.

СУПЕР МАШКА ЛИГА

РЕЗУЛТАТИ ОД 17. КОЛО

ПРИЛЕП – ПЕЛИСТЕР            18:46 (ИЗВЕШТАЈ)

ОХРИД – ЕУРОФАРМ РАБОТНИК      24:35 (ИЗВЕШТАЈ)

СТРУГА – ПРОЛЕТ 62 24:23 (ИЗВЕШТАЈ)

РАДОВИШ – БУТЕЛ СКОПЈЕ  29:37 (ИЗВЕШТАЈ)

ВАРДАР ЈУНИОР – БОРЕЦ     37:16 (ИЗВЕШТАЈ)

ПОСЛЕДНО, 18. КОЛО

САБОТА, 16 МАРТ

14:00ч

ГРК БОРЕЦ – РАДОВИШ

17:00ч

ЕУРОФАРМ РАБОТНИК – ВАРДАР ЈУНИОР

18:30ч

ПЕЛИСТЕР – ОХРИД

ПРОЛЕТ 62 – ПРИЛЕП

НЕДЕЛА, 17 МАРТ

18:00ч

БУТЕЛ СКОПЈЕ – СТРУГА

ТАБЕЛА: 1. Еурофарм Работник 49 бода (583:362); 2. Пелистер 38 (544:443); 3. Бутел Скопје 36 (500:393); 4. Пролет 34 (511:432); 5. Охрид 33 (497:428); 6. Струга 28 (462:436); 7. Радовиш 12 (512:586); 8. Вардар јуниор 12 (421:510); 9. Прилеп 10 (405:557); 10. ГРК Борец 0 (372:660).