Супер машка лига: Домашниот терен носи предност денеска

Четирите дуели кои денеска ќе се одиграат во Супер машката лига се очекува да донесат предност за домашните тимови.

Бутел Скопје и Еурофарм Работник се големи фаворити за победа и тука тешко ќе дојде до некое изненадување иако никој не смее да им ги намали шансите на Радовиш и на Охрид во трката по бодови.

Затоа, пресметката меѓу Пролет и Струга се очекува да го одбележи денот и да донесе интересен ракомет во кој нијанси може да пресудат кој состав ќе се избори за победа. И едните и другите имаат свои шанси, па на теренот ќе се види кој е подобро подготвен.

Што се однесува до Пелистер и Прилеп тука домашната екипа има поголема шанса за да се избори за трите бода.

Последниот дуел меѓу Борец и Вардар јуниор ќе се одигра в понеделник.

СУПЕР МАШКА ЛИГА

ДВОЈКИ ЗА 8. КОЛО

САБОТА, 10.11.2018

13:00ч

БУТЕЛ СКОПЈЕ – РАДОВИШ

Сала: „Илинден“ во Скопје. Судии: Дејан и Димитар Георгиевски од Скопје. Делегат: Драган Начевски од Скопје.

17:00ч

ЕУРОФАРМ РАБОТНИК – ОХРИД 2013

Сала: „Боро Чурлевски“ во Битола. Судии: Исмаил Металари и Ненад Николовски од Скопје. Делегат: Марјан Начевски од Скопје.

18:30ч

ПРОЛЕТ 62 – СТРУГА

Сала: „Македонско сонце“ во Скопје. Судии: Спасок и Глигор Ќаеви од Скопје. Делегат: Ацо Николовски од Скопје.

19:00ч

ПЕЛИСТЕР – ПРИЛЕП

Сала: „Боро Чурлевски“ во Битола. Судии: Виктор Андонов и Стојанче Јовановски од Скопје. Делегат: Благој Петров од Велес.

ПОНЕДЕЛНИК, 12.11.2018

19:00ч

БОРЕЦ – ВАРДАР ЈУНИОР

Сала: „Гемиџии“ во Велес. Судии: Рубин Седлоски и Горан Ангелески од Прилеп. Делегат: Петре Климкаров од Велес.

ТАБЕЛА: 1. Еурофарм Работник 21 бод (230:147); 2, Охрид 18 (216:165); 3. Бутел Скопје 15 (203:153); 4. Пелистер 15 (217:196); 5. Пролет 12 (202:178); 6. Струга 10 (181:188); 7. Вардар јуниор 6 (184:222); 8. Прилеп 4 (172:215); 9. Радовиш 3 (211:241); 10. ГРК Борец 0 (153:264).