Супер машка лига: Битката за плеј-оф станува сè пожестока

И после 8. коло во Супер машката лига нема промени на табелата во однос на првите четири позиции, па сосема извесно е кои тимови ќе бидат во битка за позициите кои водат во плеј-офот.

Еурофарм Работник веќе ја има цврсто првата позиција и е единствениот тим што има максимален број на бодови, но затоа состаивте на Бутел Скопје, Охрид и Пелистер се на ист број на бодови и имаат по 18 поени. Тука е и Пролет со три поени помалку, па сосема извесно е дека тука ќе биде главната битка.

Стружани заостанаа, но веќе в среда имаат дуел со Бутел Скопје на кој ќе можат да се вратат во битката.

Затоа 9. коло ќе биде интересно бидејќи има неколку интересни дуели на кои сигурно битката за позициите во плеј-офот ќе добијат на дополнителни возбудувања.

СУПЕР МАШКА ЛИГА, 8. КОЛО

БУТЕЛ СКОПЈЕ –РАДОВИШ       33:25 (ИЗВЕШТАЈ)

ЕУРОФАРМ РАБОТНИК– ОХРИД            31:21 (ИЗВЕШТАЈ)

ПРОЛЕТ – СТРУГА           30:23 (ИЗВЕШТАЈ)

ПЕЛИСТЕР – ПРИЛЕП    35:23 (ИЗВЕШТАЈ)

БОРЕЦ – ВАРДАР ЈУНИОР          17:30 (ИЗВЕШТАЈ)

СЛЕДНО, 9. КОЛО (14.11.2018)

ЕУРОФАРМ РАБОТНИК – ВАРДАР ЈУНИОР

СТРУГА – БУТЕЛ СКОПЈЕ

РАДОВИШ – БОРЕЦ

ПРИЛЕП – ПРОЛЕТ

ОХРИД – ПЕЛИСТЕР

ТАБЕЛА: 1. Еурофарм Работник 24 бода (261:168); 2. Бутел Скопје 18 (236:178); 3. Охрид 18 (237:196); 4. Пелистер 18 (252:219); 5. Пролет 15 (232:201); 6. Струга 10 (204:218); 7. Вардар јуниор 9 (214:239); 8. Прилеп 4 (195:250); 9. Радовиш 3 (236:274); 10. ГРК Борец 0 (170:294).