Супер лигата почнува утре, битолското дерби се игра во вторник

Новата сезона во Супер машката лига стартува утре. Според закажаните средби два меча ќе се играат утре, а два во недела додека дербито е поместено и нема да се одигра викендов.

Натпреварот меѓу Пелистер и Е. Работник е презакажан за во вторник кога овие екипи ќе се судрат во салата „Боро Чурлевски“ во Битола. Поради технички причини (реновирање на салата) натпреварот не беше во можност да се одигра утре од 18:30 часот, па затоа е поместен за три дена.

Сè останува исто на овој дуел. Судии ќе бидат Ѓорѓи Начевски и Славе Николов, а ќе има два делегати. На записничката маса ќе се најдат Камер Металари и Душко Камишевски.

Ова требаше да биде дуелот со кој ќе се отвори сезоната, па јасно е дека ќе донесе интересни моменти и во вторник кога градските ривали ќе си ги одмерат силите.