Супер куп двобојот меѓу Вардар и Металург доби нов термин

Екипите на Вардар и Металург кои во мај играа во финалето на Купот на Македонија само четири месеци подоцна ќе имаат нова пресметка во Куманово во Супер купот. Како што веќе беше објавено овој натпревар ќе се случи на 18 септември во Спортската сала во Куманово, но времето за почеток е сменето.

Место 18:30 часот како што беше претходно објавено, новиот термин е 20:30 часот.

Уште на крајот од минатата сезона беше договорено да има Супер куп средба, но поради зафатеноста со учество на турнири на двете екипи, како и настапот на Вардар на Супер Глоуб турнирот во Саудиска Арабија натпреварот не можеше да биде одигран пред почетокот на новата сезона.