Супер вардарки во одлична форма со максимални десет бода

Вардарки се единствени со пет од пет во првата фаза од групниот дел во Лигата на шампионите, а според тоа како играат во петок би требало само да го потврдат максималниот број на бодови и да останат на врвот. Веќе е јасно дека Вардар и ФТЦ продолжуваат понатаму, а во последното коло ќе стане јасно кој тим ќе им се придружи од групата Ц.

Од противниците за следната фаза познато е само дека продолжува Мец, а другите две места ќе бидат пополнети дури после одигрувањето на 6. коло така што тогаш ќе се знае и како ќе изгледа табелата на групата во која Вардар сигурно ќе биде лидер со максимален број на поени од првата фаза, а тоа ќе бидат осум поени.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ – ЖЕНИ

РЕЗУЛТАТИ ОД 5. КОЛО

ГРУПА А

В. ГДИЊА – НИКОБИНГ               28:36 (10:15)

КРИМ М. – ЧСМ БУКУРЕШТ       30:33 (16:17)

ТАБЕЛА: 1. ЧСМ Букурешт 8 бода (158:122); 2. Никобинг 6 (140:137); 3. Крим М. 6 (133:130); 4. В. Гдиња 0 (113:155).

ГРУПА Б

БРЕСТ – РОСТОВ              23:29 (14:15)

МИТЈИЛАНД – ЃЕР         24:27 (12:14)

ТАБЕЛА: 1. Ѓер 8 (127:109); 2. Ростов 6 (122:118); 3. Митјиланд 6 (114:120); 4. Брест 0 (115:131).

ГРУПА Ц

ФТЦ – ВАРДАР 28:29 (12:16)

ТУРИНГЕР – ЛАРВИК     22:25 (10:14)

ТАБЕЛА: 1. Вардар 10 (153:126); 2. ФТЦ 6 (153:146); 3. Турингер 2 (124:138); 4. Ларвик 2 (131:151).

ГРУПА Д

КРИСТИЈАНСАНД – МЕЦ             22:25 (11:12)

БИТИГХАЈМ – БУДУЌНОСТ         27:21 (12:10)

ТАБЕЛА: 1. Мец 8 (130:116); 2. Битигхајм 6 (131:131); 3. Будуќност 4 (118:125); 4. Кристијансанд 2 (121:128).