Сулиќ, Шуч и Угалде ќе бидат минато за Веспрем, договорите ги продолжија шестмина

Пикерот Ренато Сулиќ, левото крило Кристија Угалде и дефанзивецот Тимушин Шуч, ја играат последната сезона во дресот на унгарскиот шампион Веспрем. Нивните договори истекуваат на крајот на сезонава и нема да бидат продолжени. Сите тројца долги години го носат дресот на еден од најдобрите тимови во Европа, но не се по вкус на тренерот Врањеш. Во истовреме Веспрем ги продолжи договорите на шестмина ракометари од актуелниот погон.

300x250

Покрај македонскиот репрезентативец Дејан Манасков, соработката е продолжена и со босанскиот специјалист за одбрана, Мирсад Терзиќ, пикерот Блаж Благотиншек, кој сезонава игра одлично, десното крило Драган Гајиќ, потоа унгарскиот репрезентативец Мате Лекаи и шведскиот пикер Андреас Нилсон. На лето во Унгарија се сели и вардаровиот голман Арпад Штербик, а доаѓаат уште и францускиот интернационалец од Фленсбург, Кентан Мае, како и хрватското лево крило од Киелце, Мануел Штрлек.

Состав на Веспрем, сезона 2018/2019:

Голмани:
Роланд Миклер (2019)
Арпад Штербик (2020)
Десни крила:
Драган Гајиќ (2020)
Гашпер Маргуч (2020)
Десни бекови:
Габор Анчин (2019)
Ласло Наѓ (2019)
Кент Робин Тонесен (2020)
Пикери:
Блаж Благотиншек (2021)
Андреас Нилсон (2021)
Средни бекови:
Матијас Ѓери (2021)
Мате Лекаи (2021)
Кентан Мае (2021)
Петар Ненадиќ (2020)
Леви бекови:
Вилијам Акамбре (2020)
Иман Џамали (2019)
Момир Илиќ (2019)
Патрик Лигетвари (2020)
Мирсад Терзиќ (2019)
Леви крила:
Дејан Манасков (2020)
Мануел Штрлек (2021)