Судија асистираше за Рајн Некар против Нант, коментаторите полудеа! (ВИДЕО)

Рајн Некар и Нант одиграа прекрасен натпревар во рамките на 1/8 финалето во Лигата на шампионите, а домаќинот победи со 34:32 и си обезбеди минимална предност за реваншот во Франција. Следењето на овој дуел беше вистинсто уживање, а на теренот се најдоа и Филип Талески и Кирил Лазаров.

На теренот имаше и вистинска ревија на атрактивни погодоци, уште поубави асистенции, но и несекојдневни ситуации.

Една таква се случи во второто полувреме кога се кршеше резултатот, Рајн Некар се обидуваше да го зададе конечниот удар, а помош доби и од еден од судиите. При една одбиена топка по одбраната на голманот на Нант која одеше во гол аут, судијата не успеа да ја избегне топката и практично ја врати во терен до до десното крило Грецки по што следуваше перфектна асистенција до Колбахер за сигурна реализација.

На оваа случување на теренот бурна реакција имаа и коментаторите. Средбата ја судеа Шпанците Андреу Марин и Игнасио Гарсија Серадиља.

Интересниот момент можете да го погледнете во видеото во продолжение.