Судиска двојка од Македонија дели правда на Европското првенство за младинки

Во градот на европскиот шампион Ѓер, се одржува Европското првенство за младинки, а веќе на програмата беше второто коло од групната фаза.

Иако нашата репрезентација не игра на ЕП и ќе биде дел од ЕХФ шампионатот, сепак Македонија има претставници во Унгарија.

Станува збор за судиската двојка Ненад Николовски и Исмаил Металари, кои денеска го судеа мечот меѓу Португалија и Норвешка, a ќе бидат во комбинација секој ден до крајот на шампионатот.

Трет претставник на Македонија во Ѓер е и делегатот Драган Начевски.