Судии од Турција за двобојот во Скопје меѓу Металург – Иси Париз

На 8 и 9 септември во Скопје ќе има двојна програма меѓу женските екипи на Металург и Иси Париз.

300x250

Како што 24 Ракомет веќе информираше договорот е овие дуели да се одиграат во Скопје и двата ќе бидат во вториот викенд од септември. Воедно ова ќе биде добра можност за да се види дуел против исклучително квалитетен состав од првенството на Франција.

И двете средби ќе бидат одиграни во ист термин. Предвидено е да почнат во 16:30 часот, а ќе се играат во салата „Автокоманда“ во Скопје.

Судии на овие дуели ќе бидат Турците Пинар Унлу Хатипоглу и Мехтап Синсек, додека делегат е Радош Ракочевиќ од Црна Гора.