Ст. Рафаел го остави ПСЖ на Раул без финале на Трофејот на шампионите

Тимот на Ст. Рафаел приреди изненадување во првото полуфинале на Трофејот на шампионите во Франција. Составот на ПСЖ претрпе пораз од 25:26 и на тој начин остана без можност да се бори за првиот трофеј во сезоната.

Раул Гонзалес не успеа да тргне со финале со своите момци, па јасно е дека го очекува тешка сезона во која ќе треба да се бори за висок пласман во сите натпреварувања. Мечот беше загубен во финишот и тоа само со гол разлика.

ПСЖ важеше за фаворит зна оваа средба, но не успеа да го потврди тоа на теренот и остана покус за едно финале пред стартот на сезоната. Ст. Рафаел дури не е ни меѓу првите три екипи во најсилната лига на Франција, но затоа знае како треба да се одигра против фаворитите.

Генсхајмер од ПСЖ и Кошето од Ст. Рафаел беа најефикасни во нападот со по шест гола, а добра партија имаа и Коралес од ПСЖ со десет одбрани и Попеску од протнивничкиот табор кој успеа да собере 13 одбрани.