Стјепановиќ за 24Ракомет ТВ: Ако играме вака, може да му направиме проблем на секој тим! (ВИДЕО)

Еурофарм Работник ја забележа првата победа во групната фаза од ЕХФ Купот, откако славеше над Нексе Нашице со 29-28.

Десниот бек Невен Стјепановиќ вели дека ако продолжат да играат како што тоа беше случај против Нексе, може да му направат проблем на секој тим.

„Ги испочитувавме сите совети на нашиот тренер и веруваше во нас, а и ние во него. Секој натпревар е тежок, но ако играме вака може да му направиме проблем на секој“, вели Стјепановиќ.

Погледнете ја целосната изјава во видео прилогот…