Студен туш на стартот за Холандија: Јужна Кореја го изненади европскиот вицепрвак

Репрезентацијата на Јужна Кореја направи големо изненадување на стартот на Мундијалот во Германија. Иако избраничките на Хеле Томсен важеа за фаворитки, сепак на крајот мораа да им честитаат на Корејките.

Тие беа подобри од европскиот вицепрвак со 24:22. Иако играа пред голем број од своите навивачи во Лајпциг, сепак Холанѓанките не се снајдоа најдобро на теренот. Кореја наметна свој ритам уште од стартот на кој противничките не можеа да парираат.

ДВОЈКИ, 1. КОЛО

ГРУПА А

РОМАНИЈА – ПАРАГВАЈ 29:17

ФРАНЦИЈА – СЛОВЕНИЈА 24:25

ШПАНИЈА – АНГОЛА 20:30 часот

ГРУПА Б

ЧЕШКА – АРГЕНТИНА 28:22

ШВЕДСКА – ПОЛСКА 30:33

НОРВЕШКА – УНГАРИЈА 20:30 часот

ГРУПА Ц

РУСИЈА – ТУНИС 36:16

БРАЗИЛ – ЈАПОНИЈА  28:28

ДАНСКА – ЦРНА ГОРА  20:30 часот

ГРУПА Д

СРБИЈА – КИНА 43:23

ГЕРМАНИЈА – КАМЕРУН 28:15

ХОЛАНДИЈА – Ј. КОРЕЈА 22:24