„Студен туш“ за Вујо во микс зоната (ВИДЕО)

Словенија го освои првиот медал на светските првенства, откако славеше над Хрватска со голем пресврт во финишот на дуелот за третото место со 31:30. На словенечката радост и нема крај, откако талентираната генерација го освои првиот медал од мундијалите, втор од големите натпреварувања. Голема заслуга за тоа има и селекторот Веселин Вујовиќ, кој беше на „мета“ на  бронзените ракометари. Додека популарниот Вујо даваше изјава во микс зоната Скок и Бејзак се пошегуваа со искусниот стратег и убаво го „истушираа“…