Струмичани во Ончев го имаат најефикасниот во Групата 2

Ракометарот на Астраион, Иванче Ончев има одлична сезона и тој после 4. коло изби на врвот на листата на стрелците во својата група и со 31 погодок е на гол предност во однос на Ников од Металург јуниор.

За разлика од групата 1 тука двајца ракометари се во трка со само гол разлика додека другите заостануваат во моментов, но тоа не значи дека нема да дојде до нови измени веќе во следното коло.

Засега струмичани го имаат лидерот, но сигурно е дека Ончев ќе има тешка задача да се задржи на највисокото место бидејќи ќе има нови промени и уште многу голови во продолжение од сезоната со оглед на тоа што играчите коишто го следат исто така се главни стрелци во своите екипи.

ПРВА МАШКА ЛИГА – ГРУПА 2

ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ (ТОП 10)

31 – Иванче Ончев (Астраион)

30 – Лазар Ников (Металург јуниор)

27 – Мите Караиванов (Младост 09)

27 – Марко Митревски (Риниа М)

26 – Андреј Миладиновски (Куманово)

26 – Марио Гичев (Металург јуниор)

22 – Ристо Трајковски (Вардар Неготино)

19 – Антонио Апостоловски (Македонија ЃП)

19 – Бојан Крстов (Текстилец)

18 – Симон Попов (Текстилец)