Стружанки лесно до три бода и против Овче Поле

Ракометарките на Стружанка продолжуваат со одличните игри и со победите во првенството, а новио триумф дојде против составот на Овче Поле. Тимот од Струга доминираше од стартот на средбата и на крајот имаше висок триумф.

Стружанки поведоа со 2:0, а Овче поле намали на 2:1 и тоа им беше единствен пат на средбата да имаат негатива од еден гол. После ова следуваше постојано зголемување на разликата, а победникот беше одлучен уште во првите 30 минути.

Домашните го добија првиот дел со 22:12 и тука веќе го имаа решено мечот така што во вторите 30 минути само продолжија во ист стил и не дозволија да имаат проблеми околу бодовите. На крајот од средбата беше 39:27 и ова беше само нова потврда дека формата на стружанки оди во нагорна линија, а Бојана Јованоска, пак, само продолжува да ги полни головите и да докажува дека сезонава е без поголема конкуренција меѓу стрелците во првенството.

СТРУЖАНКА – ОВЧЕ ПОЛЕ СУ  39:27 (22:12)

Сала: „Нико Нестор“ во Струга. Гледачи: 300. Судии: Иван Илиевски и Александар Марковски од Битола. Делегат: Васко Дјакоски од Кичево.

СТРУЖАНКА: Митоска, Ристоска, Јовичинац 7, Јованоска 13, И. Затуроска 5, Дурацоска 1, Јоноска 2, Јусуфи 1, Вранишкоска, Петреска, Б. Затуроска 1, Ќушкоска, Дукоска, Домазетоска, Делиоска 8

Седмерци: 7/9, Исклучувања: 6 мин.

ОВЧЕ ПОЛЕ СУ: Мицевска, Лазаревска, Манева 1, Костова 5, Тодорова, Велковска 1, Вучевска 8, Павловска 4, Сентовска 8, Ристовска.

Седмерци: 2/4, Исклучувања: 16 мин.