Стружанка остана без Јованоска, но ја победи Деспина

Екипите на Стружана и на Деспина одиграа интересен натпревар во кој имаше само 30 погодоци, а на крајот домашните се израдуваа на три бода иако уште на стартот останаа без својата најдобра ракометарка која воедно е и прв стрелец во првенството, Бојана Јованоска. Стружанка победи со 16:14, па остана во горниот дел од табелата.

Уште во 5. минута Јованоска мораше да го напушти теренот. Поради повреда овој меч заврши рано за неа и дотогаш имаше само еден гол. Беше јасно дека нема да има многу погодоци на овој дуел, па постојано резултатот беше тесен.

Стружанка постојано беше во гол до два предност и имаше резултат кој даваше можност за победа. Сепак, не можеше рано да се реши овој дуел бидејќи недостигаше Јованоска. Кај Деспина ја немаше Конеска, па без најефикасните двете екипи имаа и мал број на голови.

На крајот Стружанка продолжи со победите и останува во чекор со Вардар според бројот на бодовите.

СТРУЖАНКА – ДЕСПИНА            16:14 (9:7)

Сала: „Нико Нестор“ во Струга. Гледачи: 300. Судии: Лејла Јашар и Михаела Капсарева од Скопје. Делегат: Душко Камишевски од Скопје.

СТРУЖАНКА: Митоска, Ристоска, Јовичинац 1, Јованоска 1, Дурацоска 1, Јусуфи, Јоноска 1, Затуроска 4, Ќушоска, Петреска 2, Делиоска 6, Петреска, Домазетоска, Дукоска, Затуроска, Ѓоршулеска.

Седмерци: 3/3, Исклучувања:

ДЕСПИНА: Димитриеска, Крстевска 2, Богеска, М. Камческа 3, Л. Рипилоска 1, А. Камческа 3, Е. Рипилоска 1, Деслоска 1, Димитрова 3, Ристевска, Боризоска, Ристеска, Цветкоска

Семдерци: 3/6, Исклучувања: