Стружанка му зададе нов тежок удар на Овче Поле

Ракометарките на Овче Поле беа домаќини на Стружанка во рамки на претпоследното коло од Првата женска лига и уште еднаш беа високо поразени, овој пат загубија со 24:43.

Очигледно е дека Овче Поле е екипата со најмал квалитет во Првата лига, а потврда беше и натпреварот против Стружанка. Гостите од Струга без никакви проблеми со убедлива победа запишаа нови бодови. Во ниту еден момент домашните не можеа да се справат со противникот. На полувреме Стружанка водеше 24:10 и беше повеќе од јасно дека ќе го добие натпреварот. До крајот гостинките само продолжија успешно да го полнат голот на Овче Поле.

Најпрезина во составот на Овче Поле беше Елена Вучевска со девет постигнати гола, а во екипата на Стружанка најмногу се истакнаа Теодора Маркоска со десет гола, додека Магдалена Делиоска постигна девет.

ЖРК ОВЧЕ ПОЛЕ – ЖРК СТРУЖАНКА      24:43 (10:24)

Сала: Цар Самуил во Свети Николе. Судии: Ѓорѓи Василевски од Скопје и Иван Јовановски од Штип. Делегат: Зоран Јовановски од Штип.

ОВЧЕ ПОЛЕ: Манева 5, Ѓорѓиева, Стојановска, Мицевска, Е. Вучевска 9, М. Вучевска, Павловска 6, Костова 1, Маркова, Нацева, Јанева, Санева, Димчева 3.

Седмерци: 3/3. Исклучувања: 8 мин.

СТРУЖАНКА: Митоска, Јовичанец 7, Јованоска 7, Дурацоска 3, Затуроска 6, Петреска 1, Делиоска 9, Маркоска 10, Јусуф, Ќушкоска, Петреска.

Седмерци: 5/6. Исклучувања: 8 мин.