Стружани некомплетни го освоија Велес

Ракометарите на Струга ја отворија сезоната во Супер лигата со победа на гостувањето во Велес каде беа подобри од младиот состав на Борец.

300x250

Екипата која до последен момент беше во неизвесност дали ќе може да игра во Супер лигата се покажа во одлично издание. Сепак, немаше сили против стружани да се дојде до подобар резултат бидејќи гостите уште рано во мечот обезбедија предност која им овозможи да имаат резултат кој им гарантира мирно продолжение на средбата.

Струга уште рано стигна до плус пет гола. Имаше 6:1, а потоа оваа разлика се одржуваше во текот на целото полувреме. Кога на средина од првиот дел резултатот дојде до 9:3 беше јасно дека на одмор стружани ќе заминат со сигурно водство.

Иако имаа 15:9 во второто полувреме работите почнаа да се менуваат. Борец фати приклучок и успеа да биде близу со резултатот. Сепак, немаше сили за повеќе, па сè остана во знакот на стружани кои на овој меч беа без двајцата ракометари од Грузија и без капитенот Мечкароски.

Во сето оа најважно е што тимот на Струга успеа да освои бодови и да стартува победнички на своето враќање во Супер лигата и сигурно е дека ќе има што да покаже на следните дуели.

БОРЕЦ – СТРУГА             24:29 (9:15)

Сала: „Гемиџии“ во Велес. Гледачи: 100. Судии: Спаско и Глигор Ќаеви од Скопје. Делегат: Лери Мирчески од Скопје.

БОРЕЦ: Солев 1, Димовски, Драскачев, Ристовски 3, Мишев, Илиевски 3, Аврамски, Смилев 1, Петров, Петровски, Николиќ 5, Јовчевски, Минов 8, Караманов, Ристовски 3.

Седмерци: 2/6, Исклучувања: 10 мин.

СТРУГА: Кизиќ, Стојаноски, Кузмановски 13, Крстаноски 1, Петровски 1, Нацев, Тренчески 1, Јанкуловски, Дукоски, Костоски 1, Барлакоски, Бајрамоски 3, Мемед, Костески 6, Хаџидимов, Трпчевски 3.

Седмерци: 2/2, Исклучувања: 10 мин.