Стружани имаa гости на тренинг, „паткари“ најавија „инвазија“ на Охрид (ВИДЕО)

Дерби дуелот од 6. коло во Супер машката лига утревечер ќе се одигра во салата во СЦ „Билјанини извори“ во Охрид каде истоимениот тим ја пречекува Струга во „езерското дерби“.

Обновувањето на пресметките во првенството меѓу соседите е секако најава и за дуел меѓу навивачките групи на двете екипи. Оттаму и „рибарите“ и „паткарите“ покажаа како се сака клубот и ги посетија ракометарите. Денеска и стружани имаа гости, а тоа е знак дека и утре ќе бидат на трибините и ќе ги бодрат ракометарите.

Ова е најава за „инвазија“ на Охрид што значи дека салата ќе биде исполнета и ќе има навивачи на двата клуба така што ќе има одлична атмосфера за време на утрешната средба која почнува од 19:30 часот.