СТРУГА 2017: Шарт нема да биде лесен залак за Металург, води убедливо на полувреме

Во финалето пред финалето, ракометарите на Металург и Шарт играат интересе натпревар, во кој минатогодишниот освојувач на турнирот го диктира темпото. Откако на стартот направија предност од 0:3, и поради техничките грешки на македонскиот вицепрвак  ја зголемија на 5, 12:17 на паузата.

Лино Червар комбинираше со составот но тоа не му донесе некој поволен резултат и се што направи неговиот тим беше тоа што намали на 4:5 во 15 минута, а потоа се беше во знакот на Шарт до крајот на полувремето.