СТРУГА 2017: Охрид конкурентен со учесникот во Лигата на шампионите

На првиот дуел од вториот ден на 45. издание на традиционалниот ракометен турнир во Струга, ракометарите на Охрид водат против учесникот во ЛШ, Бешикташ со 12:13. Во првиот дел најчесто се играше гол за гол, а охриѓани беа тие што водеа со 0:1, па 1:2, 2:3, пред Турците со 2 гола во серија да поведат за првпат со 4:3. Бешикташ се одлепи и на 6:4.

Голманот на охриѓани, Благојче Трајкоски блескаше и македонскиот тим израмни на 6:6. Беше и 8:8, пред Охрид да се одлепи на 8:10, па 9:11 во 23 минута, а предноста ја намали Крсманчиќ во последната секунда од првиот дел на 12:13.