СТРУГА 2017: Алингсас диктира темпо против Бешиткаш, води на пауза

Во вториот натпревар од првиот ден на 45. издание на традиционалниот струшки ракометен турнир, шведски вицешампион Алингсас води на полувреме против турскиот првак Бешикташ со 16:13. Скандинавците во текот на целиот прв дел го диктираа темпото и не му дозволија на учесникот во Лигата на шампионите да се доближи.

Алингсас водеше најмногу со 5 голови разлика, 16:11, пред Бешикташ со серија од 2 погодоци, да го постават конечниот резултат пред паузата, 16:13. Стрелец на последниот гол за турскиот шампион беше македонскиот интернационалец Немања Прибак на истекот на 30 минута.