Струга слави 70 години постоење, јубилејот ќе биде одбележан со ревијален натпревар

Еден од најголемите расадници на ракометари во Македонија, тимот на Струга оваа година слави 70 години постоење. Тимот е формиран 1949 година и во годините што следуваат станува препознатлив бренд на просторите на поранешна Југославија.

Иако имаше големи падови и подеми, сепак успеа да опстои, а оваа сезона се врати во најквалитетната македонска конкуренција. Најави за подобри времиња е тоа што клубот сега го води Наумче Мојсовски, кој остави длабока трага во струшкиот и македонскиот ракомет.

Јубилејот ќе биде одбележан со ревијален натпревар меѓу помлади и повозрасни ветерани, кои ќе играат против актуелниот ростер на Струга.

Натпреварот се игра утре во СЦ „ Тими“ со почеток во 18:00 часот.