Струга и Прилеп ги поделија бодовите

Во рамките на петтото коло од македонската Суперлига во Струга, домаќините ги поделија бодовите со гостите од Прилеп и го завршија натпреварот изедначени на 23-23 (14-11).

Новиот суперлигаш, Струга имаше одличен почеток на сезоната и со три победи и еден пораз од фаворизираниот Е.Работник го пречека составот на Прилеп. 

Прилеп со два гола го отвори овој дуел, но домаќините бргу ја преземаа контролата над играта и резултатот. Одржуваа чекор со стружани до самиот финиш на првото полувреме кога составот на Андон Бошковски се оддалечи на три голови предност. Разлика со која се замина на пауза (конечни 14-11).

Добрата игра на Струга продолжи и во вториот дел кога за десетина минути домашните ракометари создадоа предност од седум погодоци (19-12). Разликата остана непроменета до 51. минута кога Хаџидимовски го постигна последниот гол за Струга на овој натпревар за највисока разлика од осум голови (23-15).

Во финишот на натпреварот шанса добија ракометарите кои не се во преден план оваа сезона. Не успеаа да ја искористат можноста да се наметнат во тимот, напротив гостите секоја грешка скапо ја наплаќаа и се изборија за реми од 23-23. 

Во следното коло Струга гостува во Охрид, додека Прилеп ќе патува во Битола кај Е.Работник.

СТАТИСТИКА

СТРУГА 23 – 23 ПРИЛЕП (14-11)

Спортска сала Тими Струга

Судии: Димитар Митревски, Благојче Тодоровски

Делегат: Душко Камишевски

СТРУГА: Кизиќ Никола, Стојаноски Александар , Мечкароски Кристијан; Кузмановски Цветан 4, Крстаноски Христијан 1, Нацев Томе 1, Тренчевски Александар 2, Цителишвили Лексо 4, Трпчевски Стефан 1, Костески Ненад 4, Барлакоски Иван, Бајрамоски Сенад 2, Мемед Јасмин, Костоски Ненад, Дихаминџија Гиорги 3, Хаџидимовски Никола 1

Исклучувања: 12 минути

Седмерци: 1/1

ПРИЛЕП: Талески Андреј, Шуклески Петар, Орданоски Влатко, Трајкоски Дамјан, Алексоски Давид 1, Ѓоргиевски Пеце 3, Свртинов Михаил 2, Шокоски Давор 3, Бозароски Александар 9, Ангелоски Филип, Чупетрески Алек, Мачевалов Кире 5, Јанески Јане

Исклучувања: 6 минути

Седмерци: 5/5