Страхиња Милиќ: Денеска среќата беше на наша страна

Голманот на Вардар, Страхиња Милиќ имаше одличен ден и за околу 40 минути игра собра 14 одбрани. Тој беше играчот кој успеа да ја направи разликата во првото полувреме.

„Добро се подготвивме за овој натпревар. Целје не одигра најдобро. Не го покажа она што го знае и умее и очекувам добри игри во продолжение на сезоната и во СЕХА и во Лигата на шампионите. Што се однесува до моите одбрани пред секој меч се подготвувам исто. Сепак, истото го прават противниците кои ја анализират нашата игра. Едноставно, денеска среќата беше на наша страна“, изјави Милиќ.