Стразбур ја поздрави Гакидова на македонски (ФОТО)

Македонската репрезентативка Ивана Гакидова во новата сезона ќе го носи дресот на францускиот Стразбур. Како што веќе објави 24Ракомет пред неколку дена, Гакидова се обврза на едногодишна верност со амбициозниот тим.

Поранешната ракометарка на Вардар и на Вардар СЦЈС, како и на чешкиот Бањик Мост, потоа норвешкиот Молде, ќе го има третиот интернационален предизвик во кариерата. Страбур веќе ја промовираше и и посака добредојде на македонски јазик.

Во мини интервјуто за веб-сајтот на Стразбург, меѓудругото Гакидова зборува за нејзините ракометните почетоци и настапите во Лигата на шампионите со Вардар.

„Почнав со ракомет на 11 години. Играв за првиот тим на Металург со 15 години, во времето кога тие беа шампиони. Таму бев 4 сезони. Ги освоивме Купот и првенството. Во 2014 година преминав во вториот тим на Вардар, но по 2 месеци веќе направив трансфер во првата екипа. Ова беше најдобрата година во мојата кариера. Завршивме на трето место на Ф4 во Лигата на шампионите! Тогаш си заминав од Вардар во потрага по поголема минутажа и заминав во Чешка, а со овој тим освоив двојна круна, пред да се преселам во норвешкиот Молде. За македонската репрезентација играм од 2013 година.“ – вели Гакидова.