Стојанче Стоилов: И кога играме игрици во клуб се тепаме за победа, така ќе биде и со Барса

Капитенот на Вардар, Стојанче Стоилов објасни каква е подготвеноста на ракометарите пред дуелот против Барселона, а исто така и каква е мотивацијата кај ракометарите за овој дуел. Сосема извесно е дека Барса игра во одличен ритам, но и дека вардарци веруваат дека можат до позитивен резултат.

„Натпреварот против Барселона е за првото место во групата. Кога ги извлекоа групите ситегледавме кон Барселона како фаворит. Сепак, тоа не значи ништо на теренот. Тие се свесни дека ги очекува пекол. Играме пред нашата публика и доколку успеемеда го дадеме максимумот тогаш може да очекуваме позитивен резултат“, изјави Стоилов.

Во свој стил објасни и како е на тренинзите и каква е атмосферата меѓу ракометарите,

„Ние и кога играме игрици во клуб буквално се тепаме за тоа кој ќе победи. Така ќе биде и сега. Ќе одиме максимално борбено, а тоа и ќе одлучува на оваа средба“, коментираше Стоилов.

Средбата во СЦ „Јане Сандански“ се игра од 17 часот. Атмосферата пред салата ќе почне да се загрева порано така што е сосема извесно дека ова ќе биде дуел кој ќе донесе пеколна недела.