Стојанче Стоилов: За мене секогаш ќе биде Македонија! (ФОТО)

Играчот на натпреварот Македонија – Јапонија, пивотменот Стојанче Стоилов по триумфот над репрезентацијата од далечниот исток, 38-29 (18-13) во првото коло од групната фаза на СП имаше и политичка порака до сонародниците.

Во Собранието во Скопје попладнево се изгласани уставните измени со кои земјава ќе се вика Република Северна Македонија, а капитенот на Вардар објави статус на социјалните мрежи во кој пишува дека за него секогаш ќе биде Македонија.

„Ментално нестабилни сме сите во државава што дозволуваме вака да ни прават!!!Срам да ни е на сите…За мене скеогаш ќе биде МАКЕДОНИЈА“, напиша тој.