Стојанче Стоилов: Дуелот од квалификациите против Чешка не е мерило (ВИДЕО)

Следниот натпревар за репрезентацијата на Македонија е против Чешка. Селекцијата против која игравме во квалификациите и против која игравме во последниот меч сега ќе биде ривал на патот кон нов успех.

300x250

Македонија веќе имала дуели против оваа селекција и на големите натпреварувања, но сето тоа оди во заборав бидејќи ова ќе биде еден сосема поинаков дуел во кој ќе решаваат моменти на инспирација и мотивацијата.

„Пред неколку месеци игравме против Чешка во Скопје и успеавме да ја совладаме со 13 гола разлика, но тој триумф не е мерило за нашата пресметка против Чешка во Вараждин. Се работи за Европско првенство каде што притисокот поголем“, изјави Стојанче Стоилов со што најави голема битка за два бода против Чесите.