СТОП за Локе од Сторхамар

Европскиот шампион Ѓер по се изгледа ќе мора да бара нов кружен напаѓач, откако норвешкиот Сторхамар јасно стави до знаење дека нема намера да и дозволи на некогашната ракометарка на унгарскиот тим, Хајди Локе, да се врати во Унгарија.

Таа беше посочена како прв пик на раководството на Ѓер, откако се повреди Ања Алтхаус и нема да игра најверојатно до крајот на сезоната. Сепак, овој трансфер нема да се оствари и покрај инсистирањето на европскиот првак.

Менаџментот на Ѓер го понуди сите опции на раководството на Сторхамар, позајмица, трансфер со откуп на договорот, со покривање на сите трошоци, но едноставно Норвежаните сметаат дека таа е најважниот играч во нивниот клуб и нема да се откажат од неа.

Ѓер веројатно ќе почека до Мундијалот во Германија, каде ќе има можност да види на дело многу ракометарки и да се одлучи за најдобрата опција.