Столе со нова фризура: Кој е најдобриот бербер меѓу ракометарите? (ВИДЕО)

По ремито меѓу Словенија и Тунис, македонските ракометари можат мирно да се подготвуваат за следните два предизвици, Шпанија и Исланд. На првиот дуел со Шпанија, пикерот Столе Стоилов ќе излезе на терен со нова фризура. Негов личен бербер беше ни помалку ни повеќе туку Дејан Манасков, кој го „среди“ во една од собите на хотелот во кој се сместени македонските репрезентативци. Погледнете…