Стоилов ќе се проба и како актер, гостин во „Дајте музика“ (ФОТО)

Капитенот на Вардар, Стојанче Стоилов е во фаза на завршни подготовки пред враќањето на натпреварите на “црвено-црните“, а и понатаму е во центарот на вниманието.

Тој беше гости на снимањето на новата детска серија „Дајте музика“, а дали е на повидок актерска кариера на капитенот на Вардар или се работеше само за посета да децата коишто се дел од новата серија ќе биде познато наскоро.

Во серијата настапуваат голем дел од актерската школа на Весна Петрушевска која се пофали дека Стоилов им бил гостин на снимањето на серијата.

Познатите пејачи се дел од оваа серија, а дали има улога и за ракометарот кој трипати беше капитен на Вардар на Ф4 турнирот во Келн. Притоа двапати беше освоена круната.