Стоилов: Ја играме најдобра сезона досега, си должиме самите на себе поволен резултат!

Капитенот на македонскиот првак, Стојанче Стоилов пред првиот четвртфинален дуел и гостувањето во Фленсбург, на средбата со медиумите истакна дека Вардар никогаш не бил позрел и концентриран на пласман меѓу четирите најдобри екипи.

Стојанче Стоилов, ракометар на РК Вардар

Четврта година по ред се наоѓаме на оваа позиција, три пати не успеавме, но оваа година бевме први во нашата група, ја освоивме СЕХА лигата, и може да се каже дека ја имаме најдобра сезона досега. Тимот е позрел, поподготвен и си должиме самите на себе поволен резултат во Германија, а потоа со полна сала да ја израдуваме нашата публика и македонскиот народ.

Натпреварот во Фленсбург ќе се одигра во сабота (22.04.2017) со почеток од 17:45.