Стоилов: Првпат во историјата сме прво место во групата и тоа значи нешто

Македонија ја прегази Чешка и славеше со 33:20, па како првопласирана оди на Европското првенство во Хрватска. Тоа ќе биде вкупно петто учество на нашата репрезентација на континенталните шампионите, а еден од носителите на играта ќе биде пикерот Стојанче Стоилов.

„Пред средбата знаевме дека ќе одиме на ЕП, но се радувам што покажавме карактер. Прв пат во историјата сме прво место во групата и тоа значи нешто. Неколку пати годинава покажавме карактер, на натпреварите со Исланд и созреваме се повеќе и повеќе. Се гордеам со овие момци, младите покажаа зошто се тука, Раул покажа дека е мајстор и се надеваме на добро првенство. Во Хрватска ќе дадеме се од себе.“ – изјави Стоилов.