Стоилов: Првата титула ми е најдрага, во Загреб бевме аутсајдери, а сите ги победивме (ВИДЕО)

Капитенот на Вардар, Стојанче Стоилов е еден од двајцата ракометари во овој состав на „црвено-црните“ кој бил дел од сите Ф4 турнири во СЕХА и играч кој успеал да го крене пехарот и во регионалното натпреварување и во Лигата на шампионите како капитен на Вардар.

Пред новиот завршен турнир тој и колегите се подготвуваат прво за дуелите со Загреб во Лигата на шампионите, но веќе и за Ф4 турнирот во СЕХА, кој е веднаш после двобојот од ЛШ.

„Голема е честа да се биде на завршен турнир од едно натпреварување. Драго ми е што сме повторно на Ф4 турнирот во СЕХА. Имаме неколку титули, но најдрага ми е првата. Тогаш во Загреб отидовме како аутсајдери. Сепак, успеавме да ги победиме и Загреб и Металург и да се вратиме со трофејот“, изјави Стоилов.

Комплетната изјава пред Ф4 турнирот во Брест можете да ја погледнете во видеото во продолжение.