Стоилов: Победа која долго ја очекувавме!

Македонската репрезентација со фантастична победа против Словенија го отвори Европското првенство во Хрватска. Момците на Раул Гонзалес беа подобри од Словенија со резултат 25-24 (11-11) со што на вистински начин си го отворија патот за висок пласман на Македонија на ЕП.

300x250

Еден од најзаслужните за денешната победа беше капитенот Стојанче Стоилов кој со својата бескомпромсни борба на линајата од 6 метри ги доведуваше до лудило противничките дефанзивци.

“Нашата одбрана беше клучна за денешната победа. Се соочивме со навистина црвста игра од противникот но успешно париравме. Оваа победа долго ја очекувамвме и навистина сме среќни. Но, не треба да летаме. Одиме чекор по чекор.”

Следниот натпревар црвено-жолтите ќе го имаат на 15.јануари со почеток од 20 часот и 30 минути против репрезентацијата на Црна-Гора.